КОИ СМЕ НИЕ?
НАША МИСИЈА
Мисија на институтот е да допринесе за научно – истражувачки развој во областите на хидротехниката, геотехниката, лабораториските испитувања, заштитата на животната средина и градежништво низ систематизирана употреба на своите стручни искуства, европски директиви и стандарди.

НАША ВИЗИЈА
Визијата е Научниот Институт ХГЛ да биде препознаен како успешен и доверлив чинител на трансферот на светските знаења, технологии и вештини спроведувајќи научни истражувања, развој, образование и консултантски услуги кои ќе допринесат за одржлив развој. Програмските активности на Научниот Институт ХГЛ се насочени да го направат спојот меѓу науката, праксата и правото во прилог на општото и заедничко добро.
ЦЕЛИ И ВРЕДНОСТИ
Примарната цел на иститутот е воспоставување на стандардизирани вредности во областите на делување, кои ќе поттикнат етички и практичен третман на инженерските проблеми во нивниот научно – истражувачки развој. Ова е возможно исклучиво преку мултидисциплинарен и сеопфатен пристап кон проблемите и нивно прилагодување кон европските директиви, стандарди и современи меѓународни технологии.

